Стар Завет

Нов Завет

Еремија 3:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зборуваат: ‘Ако мажот ја отпушти својата жена и таа си отиде од него, та се омажи за друг, има ли уште право да се врати кај него? Не е ли таа жена сосем осквернета?’ А ти блудствуваше со многу љубовници, па да Ми се вратиш Мене? - говори Господ.

2. Подигни ги очите кон голините и погледај: каде тоа не те оскверниле? На патиштата ги пречекуваше како Арабјанец во пустината. Ти ја оскверни земјата со својот блуд и со својата нечесност,

3. затоа и дождовите прекратија, и доцните дождови не паднаа. Челото ти е како во блудница: не се ни зацрвени.

4. Не Ми викаш ли сега: ‘Татко мој, ти си пријател на мојата младост!

5. Дали засекогаш ќе пламнееш и вечно ли ќе тлее твојот гнев?’ Така зборуваш, а и натаму правиш зла, колку што можеш.”

6. Господ ми рече во деновите на царот Јосиј: „Виде ли што направи одметничката Израел? Таа оди на секоја висока гора и под секое зелено стебло и таму му се предава на блудството.

7. А Јас мислев: ‘По сè што ќе направи, ќе Ми се врати Мене.’ Но таа не се враќа. И тоа го виде нејзината сестра, неверницата Јудеја.

8. А виде и како ја отпуштив одметничката Израел заради сите прељуби и и дадов отпустен книжен свиток. Но сестра и, неверницата Јудеја, не се исплаши ни малку, па и таа сврте во блудство.

9. И со своето лесноумно блудство ја обесчести земјата; правеше прељуба со камења и со дрва.

Прочитајте целосна глава Еремија 3