Стар Завет

Нов Завет

Еремија 28:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. „Оди и речи му вака на Ананиј: ‘Господ зборува вака: „Ти го скрши дрвениот јарем, но Јас ќе направам место него железен.”

14. Зашто вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Ќе ставам железен јарем околу вратот на сите оние народи, за да му ги покорам на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе му служат, зашто Јас му ги потчинив нему дури и полските ѕверови!”‘“

15. И пророкот Еремија му рече на Ананиј: „Чуј ме добро, Ананија! Господ не те испрати тебе, а ти разбуди во народот измамливи надежи.

16. Затоа Господ зборува вака: ‘Ете, те бришам од лицето на земјата! Ќе умреш уште во оваа година, зашто проповедаше побуна против Господа!’”

17. И пророкот Ананиј умре во таа година во седмиот месец.

Прочитајте целосна глава Еремија 28