Стар Завет

Нов Завет

Еремија 26:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во почетокот на царувањето на Јоаким, синот Јосиин, Јудиниот цар, ми дојде Господовото слово:

2. „Господ зборува вака: ‘Застани во дворот на Господовиот Дом, и - на сите јудејски градови што доаѓаат да се поклонат во Господовиот Дом - проповедај му ги сите зборови што ти заповедав да им ги кажеш. И не изоставувај ни еден единствен.

3. Можеби ќе послушаат и ќе се врати секој од својот лош пат, па ќе се покајам за злото што намислив да го направам заради нивните зли дела.’

4. Речи им: ‘Господ зборува вака: „Ако не Ме послушате за да одите по Законот што го ставив пред вас,

5. слушајќи ги зборовите на Моите слуги, пророците, кои ви ги праќам неуморно, иако досега не ги слушавте,

6. ќе постапам со овој Дом како со Сило, и ќе направам овој град да биде проклетство за сите народи на земјата.”‘“

7. И свештениците и пророците и сиот народ го слушаа Еремија како ги проповеда тие зборови во Господовиот Дом.

8. А кога Еремија го изрече сè она што Господ му заповеда да му навести на сиот народ, свештениците и пророците го грабнаа, зборувајќи: „Ке платиш со главата!

9. Зашто пророкуваше во Господово Име: ‘Ќе постапам со овој Дом како со Сило, и овој град ќе биде запустен, та веќе никој не ќе живее во него!’” И сиот народ се собра против Еремија во Господовиот Дом.

10. Откако го чуја тоа, јудејските старешини дојдоа од царскиот дворец во Господовиот Дом, и седнаа пред Новата Врата на Господовиот Дом.

Прочитајте целосна глава Еремија 26