Стар Завет

Нов Завет

Еремија 23:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И ќе им подигнам пастири, за да ги пасат, та веќе не ќе се плашат од ништо, ниту ќе се загубуваат - говори Господ.

5. Еве доаѓаат денови - зборува Господ, ќе му подигнам на Давида праведен Подник. Тој ќе владее како Цар и ќе биде мудар, и ќе прави суд и правда во земјата.

6. Во неговите денови Јудеја ќе биде спасена, и Израел ќе живее спокојно. И еве Го името со кое ќе Го наречуваат: „ГОСПОД, НАША ПРАВДА.”

7. Затоа, еве, доаѓаат денови - зборува Господ - кога веќе не ќе се зборува: ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Египетската Земја,’

8. туку: ‘Живиот ми Господ, Кој потомството на Израелевиот дом го изведе и го доведе од Северната Земја и од сите земји, каде што ги беше протерал,’ така што ќе живеат во Својата земја.”

9. За пророците. Срцето во мене е скршено, ми треперат коските, сличен сум на пијаница, на човек кого виното го овладеа, пред лицето на Господа и пред Неговите свети зборови:

10. Зашто земјата е полна со прељубници; заради тие луѓе земјата се завитка во црно, а пасиштата изгореа. Нивната трка е злоба, а силата им е неправда.

Прочитајте целосна глава Еремија 23