Стар Завет

Нов Завет

Еремија 22:6-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Зашто Господ зборува вака за дворецот на јудејскиот цар: „Ти си за Мене Галад, ливански врв. Но, навистина, ќе те претворам во пустина, во ненаселен град.

7. Ќе подготвам против тебе истребители, секого со неговото оружје, нека ги исечат твоите избрани кедри и нека ги фрлат во оган.

8. Многу народи ќе поминуваат покрај тој град и едниот ќе го праша другиот: ‘Зошто постапи Господ така со овој голем град?’

9. Ќе им одговорат: ‘Зашто го оставија Заветот на Господа, својот Бог, им се поклонуваа на други богови и им служеа.’”

10. Не плачете за умрениот, не ридајте по него. Подобро плачете за оној кој си заминува, зашто никогаш веќе нема да се врати, ниту да ја види родната земја.

11. Зашто Господ зборува вака за Салум, синот Јосиин, јудејскиот цар, кој царуваше после својот татко и требаше да си отиде од своето место: „Никогаш веќе нема да се врати,

12. туку ќе умре во местото каде што го заробија, а оваа земја никогаш веќе нема да ја види.

13. Горко му на оној кој гради куќа неправедно, и ги крева горните соби без право; кој го тера ближниот на работа и не му ја исплатува платата;

14. кој вели: ‘Ќе си изградам за себе пространа куќа и проѕирни горни соби!’ Кој отвора прозорци, ги обложува со кедровина обоена црвено.

15. Дали си затоа цар дека се фалиш со кедар? Нели татко ти јадеше и пиеше, но правеше правосудство и правда, и затоа му беше добро.

16. Го бранеше правото на сиромашниот и на јадникот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа да Ме познава Мене? - зборува Господ.

Прочитајте целосна глава Еремија 22