Стар Завет

Нов Завет

Еремија 22:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Но во земјата за која што копнеат да се вратат, нема да се вратат!

28. Та зар тој човек Јехониј е презрен сад, скршен? Или сад што никому не му се свидува? Затоа беа протерани тој и потомството, заточени во земја што им е сосем непозната?

29. Земјо, земјо, земјо, послушај го Господовиот збор.

30. Господ зборува вака: ‘Запишете за овој човек: „Без деца.” Животот не му стана среќен. Никој од неговото потомство нема да седне на Давидовиот престол, ниту ќе владее над Јудеја.’”

Прочитајте целосна глава Еремија 22