Стар Завет

Нов Завет

Еремија 22:23-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Ти што престојуваш на Ливан, ти што се загнездуваш по кедрите, како ли ќе стенкаш кога ќе те нападнат болките, болките на породилката.

24. Животот ми Мој - зборува Господ - кога Јехониј, синот Јоакимов, јудејски цар, би бил печат на Мојата десница, Јас би го истргал од прстот.

25. Ќе те дадам во рацете на оние, кои што ти работат спроти главата, во рацете на оние пред кои што трепериш, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на Халдејците.

26. И ќе ве фрлам тебе и мајката, која те роди, во друга земја каде што не сте се родиле; таму ќе умрете.

27. Но во земјата за која што копнеат да се вратат, нема да се вратат!

28. Та зар тој човек Јехониј е презрен сад, скршен? Или сад што никому не му се свидува? Затоа беа протерани тој и потомството, заточени во земја што им е сосем непозната?

29. Земјо, земјо, земјо, послушај го Господовиот збор.

30. Господ зборува вака: ‘Запишете за овој човек: „Без деца.” Животот не му стана среќен. Никој од неговото потомство нема да седне на Давидовиот престол, ниту ќе владее над Јудеја.’”

Прочитајте целосна глава Еремија 22