Стар Завет

Нов Завет

Еремија 22:14-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. кој вели: ‘Ќе си изградам за себе пространа куќа и проѕирни горни соби!’ Кој отвора прозорци, ги обложува со кедровина обоена црвено.

15. Дали си затоа цар дека се фалиш со кедар? Нели татко ти јадеше и пиеше, но правеше правосудство и правда, и затоа му беше добро.

16. Го бранеше правото на сиромашниот и на јадникот, и затоа му беше добро. Зар не значи тоа да Ме познава Мене? - зборува Господ.

17. Но твоите очи и срцето одат само по печалба, за да пролеваш невина крв, за да правиш насилство и угнетување.”

18. Затоа Господ зборува вака за Јоаким, синот Јосиин, царот јудејски: „По него нема да тажат: ‘Леле, брате мој! Леле, сестро моја!’ По него нема да тажат: ‘Леле, господару! Леле, величество!’

19. Ќе го закопаат како осле, ќе го извлечат и ќе го фрлат надвор од вратите на Ерусалим.

20. Искачи се на Ливан и викај, нека се разнесува глас по Васан, нека бучи од Аварим, зашто се скршени сите твои пријатели!

21. Убаво те советував во мирните денови, но ти ми рече: ‘Не ќе слушам!’ Така се владееш од младоста: не го слушаш Мојот глас.

22. Сите твои пастири ветерот ќе ги испасе, а твоите љубовници ќе отидат во ропство. Тогаш ќе се срамиш и засрамуваш од сета своја пакост.

23. Ти што престојуваш на Ливан, ти што се загнездуваш по кедрите, како ли ќе стенкаш кога ќе те нападнат болките, болките на породилката.

Прочитајте целосна глава Еремија 22