Стар Завет

Нов Завет

Еремија 22:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ зборува вака: „Слези во дворецот на јудејскиот цар и објави го таму ова слово.

2. Речи: ‘Слушај го Господовиот збор јудејски цару, кој седиш на Давидовиот престол, ти и твоите слуги и твојот народ што влегуваат низ оваа врата.

3. Господ зборува вака: „Правете правосудство и правда, избавете ги угнетуваните од рацете на угнетувачите! Не правете им неправда на странецот, на сирачето, на вдовицата, не ги угнетувајте, и не пролевајте невина крв на ова место.

4. Зашто ако се владеете вистински според овој збор, низ вратата на овој дворец ќе влегуваат царевите што седат на Давидовиот престол, што се возат во коли и што јаваат на коњи - тие, нивните слуги и нивниот народ.

5. Ако пак не ги послушате овие зборови, се заколнувам во Себе - говори Господ - дека тој дворец ќе го претворам во урнатина!”‘“

6. Зашто Господ зборува вака за дворецот на јудејскиот цар: „Ти си за Мене Галад, ливански врв. Но, навистина, ќе те претворам во пустина, во ненаселен град.

7. Ќе подготвам против тебе истребители, секого со неговото оружје, нека ги исечат твоите избрани кедри и нека ги фрлат во оган.

8. Многу народи ќе поминуваат покрај тој град и едниот ќе го праша другиот: ‘Зошто постапи Господ така со овој голем град?’

9. Ќе им одговорат: ‘Зашто го оставија Заветот на Господа, својот Бог, им се поклонуваа на други богови и им служеа.’”

10. Не плачете за умрениот, не ридајте по него. Подобро плачете за оној кој си заминува, зашто никогаш веќе нема да се врати, ниту да ја види родната земја.

Прочитајте целосна глава Еремија 22