Стар Завет

Нов Завет

Еремија 21:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч, глад и помор. А кој ќе излезе, та им се предаде на Халдејците кои ве опсадуваат, ќе го спаси животот - животот ќе му остане како плен.

10. Зашто, му го завртив Своето лице против овој град на зло, а не на добро - говори Господ - и ќе му биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го изгори со оган.”‘

11. На царскиот дом на Јудеја: ‘Чујте го Господовото слово,

12. Давидов доме! Господ зборува вака: „Судете праведно секое утро, избавете ги угнетуваните од рацете на угнетувачот, или Мојот гнев ќе пламне како оган, ќе се распали неугасливо заради вашите зли дела.

13. Еве Ме против тебе кој живееш на Долинската Пештера - зборува Господ, против вас кои велите: ‘Кој може да се нафрли против нас, кој може да продре во нашите живеалишта?’

14. Но Јас ќе ви платам според плодот на вашите дела - зборува Господ. - ќе и подметнам оган на неговата гора, и ќе проголта сè околу неа!”‘“

Прочитајте целосна глава Еремија 21