Стар Завет

Нов Завет

Еремија 21:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. На царскиот дом на Јудеја: ‘Чујте го Господовото слово,

12. Давидов доме! Господ зборува вака: „Судете праведно секое утро, избавете ги угнетуваните од рацете на угнетувачот, или Мојот гнев ќе пламне како оган, ќе се распали неугасливо заради вашите зли дела.

13. Еве Ме против тебе кој живееш на Долинската Пештера - зборува Господ, против вас кои велите: ‘Кој може да се нафрли против нас, кој може да продре во нашите живеалишта?’

14. Но Јас ќе ви платам според плодот на вашите дела - зборува Господ. - ќе и подметнам оган на неговата гора, и ќе проголта сè околу неа!”‘“

Прочитајте целосна глава Еремија 21