Стар Завет

Нов Завет

Еремија 21:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Словото што Господ му го упати на Еремија кога царот Седекија ги испрати кај него Пасхора, синот Мелхиин, и Софониј, синот Масиин, со пораката:

2. „Ајде, прашај Го Господа за нас, зашто Навуходоносор, вавилонскиот цар, завојува против нас; можеби Господ пак ќе направи чудо со нас, па непријателот ќе се повлече пред нас.”

3. Еремиј им рече: „Речете му вака на Седекија:

4. ‘Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: „Ќе го повлечам оружјето, што е во вашите раце, со кое се борите против вавилонскиот цар и Халдејците, кои што ве напаѓаат вон ѕидовите, и ќе го соберам среде овој град.

5. И Самиот ќе се борам против вас со испружена рака и со силна мишка, во расрденост и во гнев и во голема јарост.

6. И со страшен помор ќе ги удрам жителите на овој град, луѓето и животните, и ќе изумрат.

7. Потоа, говори Господ - ќе ги предадам: Седекија, јудејскиот цар, и неговите слуги и народот, и сите оние што останаа во тој град после поморот, мечот и гладот, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние кои што им работат спроти главата; тој ќе ги исече со острилото на мечот без сомилост, без милосрдие и без смилување.”‘

8. А на овој народ речи му: ‘Господ зборува вака: „Еве ги ставам пред вас патот на животот и патот на смртта.

9. Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч, глад и помор. А кој ќе излезе, та им се предаде на Халдејците кои ве опсадуваат, ќе го спаси животот - животот ќе му остане како плен.

Прочитајте целосна глава Еремија 21