Стар Завет

Нов Завет

Еремија 20:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А свештеникот Пасхор, синот Имиров, врховен надгледувач на Господовиот Дом, чу како Еремија ги пророкува тие зборови.

2. И Пасхор го предаде Еремија да го бијат и го фрли во кладите што се наоѓаа кај горната Венијаминова Врата, а се во Господовиот Дом.

3. А кога утреден Пасхор го извади Еремија од кладата, Еремиј му рече: „Господ веќе не те вика Пасхор, туку ‘Ужас Отсекаде.’

4. Зашто вака зборува Господ: ‘Еве те предавам на ужас, тебе и сите твои пријатели, и ќе загинеш од мечот на своите непријатели, со свои очи ќе видиш. И сета Јудеја ќе ја дадам во рацете на вавилонскиот цар. Тој ќе ги одведе на заточение во Вавилон и со меч ќе ги погуби.

5. И сето богатство на овој град, сиот негов - со труд спечален - имот и сите скапоцености, и сето благо на јудејските цареви, ќе ги предадам во рацете на непријателите. Тие ќе ограбуваат сè, ќе ограбат и ќе однесат во Вавилон.

6. А ти, Пасхор, ќе се преселиш во Вавилон со сите свои домашни. Да, ќе дојдеш во Вавилон и таму ќе умреш и ќе бидеш погребан, ти и сите твои пријатели на кои што им пророкуваше лаги.’”

7. Ти ме заведе, о Господи, и оставив да бидам заведен; Ти си посилен од мене и ме совлада. А сега сум им на сите за потсмев од ден во ден, секој ме исмејува.

8. Зашто штом ќе проговорам, треба да викам, треба да навестувам: „Насилство! Пропаст!” Навистина Господовото слово ми стана за презир и за потсмев цел ден.

9. И реков во себеси: „Веќе не ќе мислам на Него, ниту ќе зборувам во Негово Име.” Но тогаш во моето срце беше како распламенат оган запретан во моите коски: напразно се трудев да издржам, не можев веќе.

10. Чув многу клевети: „Ужас отсекаде! Пријавете! Ние ќе го пријавиме!” Сите кои што ми беа пријатели го чекаа моето паѓање. „Можеби ќе го заведеме, па ќе завладееме со него и ќе му се одмаздиме нему!”

Прочитајте целосна глава Еремија 20