Стар Завет

Нов Завет

Еремија 2:28-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Каде се боговите што ти самиот ги направи? Нека станат ако можат да те спасат во твојата неволја! Зашто имаш, о Јудејо, богови колку и градови! Колку што Ерусалим има улици толку Ваал има жртвеници.

29. Зошто сакате да се препирате со Мене? Сите се одметнавте од Мене - говори Господ.

30. Напразно ги удрив вашите синови: вие не извлековте поука од тоа: вашите мечеви ги растргнаа вашите пророци, како лав истребувач.

31. Од каков род ли сте? Чујте го Господовото слово: Зар му бев пустина на Израел, или мрачна земја? Зошто Мојот народ зборува: ‘Сакаме слобода, не сакаме веќе кај Тебе!’

32. Дали го заборава девицата својот накит, или невестата својот појас? А Мојот народ Ме заборави Мене, тоа веќе има безброј денови.

33. О, како го знаеш добро својот пат кога ја бараш љубовта! Затоа и на зло ги навикна своите патишта.

34. А и на твоите раце се наоѓа крвта на невините сиромаси: не ги најде како ја разурнуваат твојата врата. Да, ти ќе одговараш за сите нив.

35. А велиш: ‘Невина сум, Неговиот гнев се одврати од мене.’ Еве Ме да ти судам, зашто зборуваш: ‘Не сум згрешила.’

36. Колку си бедна во својата заблуденост! И Египетците ќе те засрамат како што те посрамија Асирците.

37. И оттука ќе треба да си одиш со раце над својата глава, зашто Господ ги отфрли оние во кои се надеваш; ти не ќе бидеш среќна со нив.

Прочитајте целосна глава Еремија 2