Стар Завет

Нов Завет

Еремија 2:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Запрепастете се над тоа, небеса, смутете се и зачудете се, - говори Господ.

13. Зашто Мојот народ направи две зла: Ме остави Мене, Изворот на живата вода, та си ископа кладенци за себе, испукани кладенци што не можат да држат вода.

14. Дали е Израел роб или слуга роден во куќата? Зошто стана плен?

15. Лавчиња рикаа на него, го подигаа својот глас. Во пустина ја претворија неговата земја, ги изгореа градовите, им ги нема жителите.

16. А и оние од Мемфис и Тафнес ти го бричеа темето.

17. Нели си го направи тоа сам на себеси, отпаднувајќи од Господа, твојот Бог, кога те водеше по патот?

18. А сега, зошто тргнуваш во Египет, да пиеш вода од Нил? Зошто тргнуваш во Асирија, за да пиеш вода од Реката?

19. Твојата нечесност те казнува, твоето отпадништво те осудува. Сфати и види како е тешко и горко зашто го остави Господа, својот Бог, зашто го нема веќе Мојот страв во тебе - говори Господ Бог над Воинствата.

20. Да, одамна ти го скрши својот јарем, ги скина твоите врски и рече: ‘Нејќам да робувам.’ Па сепак, на секое возвишено место, под секое зелено дрво легнуваше како блудница.

21. А Јас те засадив како избрана лоза, како племенита садница. Само како ли ми се измени во неплоден изрод, во дива лоза!

22. Да се измиеш и со луг, направен од многу пепел, ќе остане дамката на твоето беззаконие пред Мене - говори Господ Бог.

Прочитајте целосна глава Еремија 2