Стар Завет

Нов Завет

Еремија 18:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И така ја претворија земјата во запустеност, во вечно потсмевнување, за да се згрозува над неа секој минувач мавтајќи со главата.

17. Ќе ги размавтам пред непријателот, како источниот ветер; плеќите, а не лицето, Јас ќе им ги покажам во денот на нивната пропаст.”

18. И рекоа: „Ајде, да се заговориме против Еремија, зашто на свештеникот не може да му го снема Законот, ни на мудриот советот, ни на пророкот беседата. Ајде, да го удриме со јазикот и да внимаваме будно на секој негов збор.”

19. Послушај ме, о Господи, и чуј што зборуваат моите противници.

20. Та зар се враќа со зло за добро? А тие ми копаат јама! Спомни си како стоев пред Твоето лице, за да барам кај Тебе милост за нив, за да ја одвратам од нив Твојата јарост.

21. Затоа предај им ги нивните деца на гладот, предај ги на мечот! Жените нека им останат неплодни и вдовици, поморот нека им ги погуби мажите, а младинците нека загинат од меч во војна.

22. Нека се чуе вик од нивните куќи кога одненадеж ќе доведеш против нив грабечки полкови. Зашто тие ископаа јама, за да ме фатат, на моите нозе потајно им наместија примки.

23. О Господи, Ти го знаеш сиот нивни убиствен наум против мене. Не им ги проштавај нивните беззаконија, не им ги избришувај гревовите пред Себе. Нека паднат пред Твоето лице, пресметај се со нив во денот на Својот гнев!

Прочитајте целосна глава Еремија 18