Стар Завет

Нов Завет

Еремија 18:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Го снемува ли од горските стрмнини ливанскиот снег? Можат ли да пресушат далечните води што течат студени?

15. А Мојот народ Ме заборави Мене! Му принесуваат кадење на ништожеството, се сопнуваат на своите патишта, на древните патеки и одат по врвиците и по непроодниот пат.

16. И така ја претворија земјата во запустеност, во вечно потсмевнување, за да се згрозува над неа секој минувач мавтајќи со главата.

17. Ќе ги размавтам пред непријателот, како источниот ветер; плеќите, а не лицето, Јас ќе им ги покажам во денот на нивната пропаст.”

18. И рекоа: „Ајде, да се заговориме против Еремија, зашто на свештеникот не може да му го снема Законот, ни на мудриот советот, ни на пророкот беседата. Ајде, да го удриме со јазикот и да внимаваме будно на секој негов збор.”

19. Послушај ме, о Господи, и чуј што зборуваат моите противници.

20. Та зар се враќа со зло за добро? А тие ми копаат јама! Спомни си како стоев пред Твоето лице, за да барам кај Тебе милост за нив, за да ја одвратам од нив Твојата јарост.

Прочитајте целосна глава Еремија 18