Стар Завет

Нов Завет

Еремија 18:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е словото што Господ му го упати на Еремија:

2. „Стани и слези во грнчаровата куќа - таму ќе ти ги објавам Своите зборови.”

3. И така, слегов во грнчаровата куќа, токму работеше на грнчарското колце.

4. И штом ќе се расипеше во грнчаровата рака садот што би го направил од глина, тој пак правеше од неа друг - како што ќе му се свидеше на грнчарот да направи.

5. И ми дојде Господово слово:

6. „Не можам ли и Јас да правам со вас како овој грнчар, Израелев дому? - зборува Господ. Еве како глината во грнчаровата рака, и вие сте во Мојата рака, Израелев дому.

7. Ако Му објавам на некој народ или на некое царство дека ќе го откорнам, уништам и разурнам,

8. и ако тој народ, против кого Сум зборувал, се обрати од своите нечесности, тогаш ќе се покајам за злото што му го бев наменил.

9. Ако Му објавам на некој народ, или на некое царство, дека ќе го изградам и посадам,

10. а тој почне да прави што е зло во Моите очи, не слушајќи го Мојот глас, ќе се покајам за доброто што им го ветив.

Прочитајте целосна глава Еремија 18