Стар Завет

Нов Завет

Еремија 17:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.

9. Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно, кој може да проникне во него?

10. Јас, Господ, ги истражувам срцата и ги испитувам бубрезите, за да му дадам секому според неговото поведение, според плодот на неговите раце.

11. Потполошка што лежи на јајцата а не изведува е оној што со неправда придобива богатство: во средината на своите дни треба да го остави и на крајот останува безумник.”

12. Славен престол издигнат од дамнина, тоа е нашето свето место.

13. О Господи, надеж на Израел, сите кои што Те оставаат ќе се засрамат, кои ќе се одметнат од Тебе ќе бидат запишани во прав, зашто го оставија Изворот на живата вода.”

14. Исцели ме, Господи, и ќе бидам здрав, спаси ме, и ќе бидам спасен, зашто Ти си моја пофалба.

15. Еве ги што ми зборуваат: „Каде е Господовиот збор? Нека се исполни!”

16. Та јас не се меткав околу Тебе за нивната несреќа, ниту сакав кобен Ден! - Ти го знаеш тоа, сè што излезе од мојата уста пред Тебе е.

17. Не ми биди за ужас Ти, прибежиште мое, во несреќниот Ден.

Прочитајте целосна глава Еремија 17