Стар Завет

Нов Завет

Еремија 17:8-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.

9. Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно, кој може да проникне во него?

10. Јас, Господ, ги истражувам срцата и ги испитувам бубрезите, за да му дадам секому според неговото поведение, според плодот на неговите раце.

Прочитајте целосна глава Еремија 17