Стар Завет

Нов Завет

Еремија 17:15-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Еве ги што ми зборуваат: „Каде е Господовиот збор? Нека се исполни!”

16. Та јас не се меткав околу Тебе за нивната несреќа, ниту сакав кобен Ден! - Ти го знаеш тоа, сè што излезе од мојата уста пред Тебе е.

17. Не ми биди за ужас Ти, прибежиште мое, во несреќниот Ден.

18. Нека се засрамат моите гонители, а не јас, растрепери ги нив, а не мене. Доведи го врз нив несреќниот Ден, сотри ги со двојно сотрување!

19. Господ ми рече вака: „Отиди и застани на вратата на Синовите на народот низ која влегуваат и излегуваат јудејските цареви, и на сите ерусалимски врати.

20. Речи им: ‘Чујте го Господовото слово, вие, јудејски цареви и сите Јудејци и Ерусалимци, кои поминувате низ овие врати.

21. Господ зборува вака: „Чувајте се ако ви е мил животот, и не носете товар во саботен ден, и не внесувајте го низ ерусалимските врати.

22. И не изнесувајте бремиња од куќата во саботен ден, и не работете никаква работа, туку празнувајте го саботниот ден, како што им заповедав на вашите татковци.

23. Тие не Ме послушаа и не го приклонија своето уво, туку не послушаа закоравено и не ја прифатија науката.

24. А вие, ако Ме послушате - зборува Господ - и ако не носите товари низ вратите на овој град, туку ако го празнувате саботниот ден, не работејќи никаква работа,

25. тогаш низ вратите на овој град ќе влегуваат царевите и кнезовите, кои што седат на Давидовиот престол, кои се возат во коли и јаваат на коњи, тие и нивните првенци, Јудејци и Ерусалимци, и овој град ќе остане довека.

26. И ќе доаѓаат од јудејските градови, од околината на Ерусалим, од Венијаминовата Земја и од Шефел, од Горјето и од Негев, за да принесат паленици, жртви, лебни приноси и кадење, и за да принесат жртва благодарница во Господовиот Дом.

27. Но ако не Ме послушате, та не го празнувате саботниот ден и ако носите бремиња влегувајќи низ ерусалимските врати во саботниот ден, тогаш ќе потпалам оган во неговите врати: и пламенот ќе ги голтне ерусалимските дворци, и не ќе угасне.”‘“

Прочитајте целосна глава Еремија 17