Стар Завет

Нов Завет

Еремија 17:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јудиниот грев е запишан со железна писалка, врезан со дијамантски врв во плочката на нивното срце, и во роговите на нивните жртвеници,

2. како спомен за нивните синови на нивните жртвеници и на нивните ашери околу зелените дрвја по високите брежиња,

3. на ридовите и среде полињата. Твоето богатство и сето твое благо ќе ги предадам на грабеж. Така ќе платиш за својот грев по сета земја.

4. Ќе треба да го оставиш наследството што тебе ти го подарив. Ќе те направам робје на непријателите во земја што не ја познаваш. Зашто Мојот гнев пламна со оган што ќе гори вечно.”

5. Господ зборува вака: „Проклет да биде човек, кој се надева на човек и слабото тело го смета за своја мишка, и чие срце се одвратува од Господа.

6. Зашто тој е како трње во пустината: не чувствува кога е среќата близу, ги престојува деновите во исушената пустина, во солена, ненаселена, земја.

7. Благословен да биде човек, кој се надева во Господа, и кому Господ му е надеж.

8. Сличен е на дрво засадено покрај вода што ги пушта корењата кон потокот: не треба да се плаши од ништо кога ќе дојде жегата, на него зеленилото останува секогаш. Во сушна година не се грижи, не престанува да донесува плод.

9. Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно, кој може да проникне во него?

10. Јас, Господ, ги истражувам срцата и ги испитувам бубрезите, за да му дадам секому според неговото поведение, според плодот на неговите раце.

Прочитајте целосна глава Еремија 17