Стар Завет

Нов Завет

Еремија 14:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господовото слово на Еремија за големата суша:

2. „Јудеја рида во тага и гинат нејзините градови, мрачно лежат на земјата, викот на Ерусалим се издига до небото.

3. Првенците испраќаат слуги по вода: доаѓаат до кладенците, ама не наоѓаат вода, се враќаат со празни врчви, посрамени, засрамени, ја покрија својата глава.

4. Земјата сета испука зашто нема дожд. Земјоделците се засрамија, ги покрија главите.

5. Па и срната во полето го остава младото зашто нема трева.

6. Дивите ослиња, стоејќи на голините, збиваат како шакал, очите им се изнемоштени зашто нема трева.”

7. Нашите беззаконија сведочат против нас, смилувај се, о Господи, заради Своето Име! Зашто отпаднавме од Тебе, згрешивме против Тебе.

8. О Израелева Надеж, негов Спасител во деновите на неволја! Зошто си како странец во оваа земја, како патник што се навратил за да преноќува?

9. Зошто си како исплашен човек, како јунак што не може да помогне, ние се викаме со Твоето Име - немој да нè оставиш!

10. Господ зборува вака за овој народ: „Да, тие сакаат да скитаат и не си ги штедат нозете, и затоа Господ не ги сака. И сега си спомнува за нивните беззаконија и ги казнува нивните гревови.”

11. И Господ ми рече: „Не барај милост за овој народ.

Прочитајте целосна глава Еремија 14