Стар Завет

Нов Завет

Еремија 13:16-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Дајте Му слава на Господа, својот Бог, пред да се смрачи, пред вашите нозе да се сопнат во мрачните планини. Вие и се надевате на светлината, а Тој ќе ја претвори во мрак, ќе ја измени во црна темнина!

17. Ако не го послушате ова, душата ќе ми плаче постојано заради вашата гордост, солзи ќе рони, окото ќе ми лее солзи, зашто Господовото стадо заминува во ропство.

18. Речи им на царот и на царицата-мајка: „Седнете длабоко долу зашто венецот на славата падна од вашите глави.”

19. Градовите на Негев се затворени, и нема никој да ги отвори. Сета Јудеја е во ропство, сосем поробена!

20. Подигни ги очите, Ерусалиме, и погледај ги оние што навлегуваат од Север. Каде е стадото што ти е доверено, твоите славни овци?

21. Што ќе речеш кога ќе ти се наметнат како твои господари оние што самиот ги научи за да те водат како љубовници. Нема ли да те опфаќаат болки како родилката?

22. Можеби тогаш ќе се прашаш: „Зошто ме снајде тоа?” Заради многуте твои беззаконија ги открија твоите скутови, направија насилство над тебе.

23. Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно? А вие, можете ли да правите добро, свикнати да правите зло?

24. „Затоа ќе ве распрснам како плева, што ја разнесува пустинскиот ветер.

25. Тоа е твојата судбина и дел што ти е одмерен, говори Господ, зашто Ме заборави Мене и се надеваше во лага.

26. Самиот ќе ти ја поткренам облеката од лицето за да се види твојата голота.

27. Сите твои прељуби, сите твои врескања и твоето бессрамно блудничење, врз горите, во полињата, ги видов твоите грозотии. Тешко тебе, Ерусалиме! Уште не се очисти и уште до кога ќе трае тоа...?”

Прочитајте целосна глава Еремија 13