Стар Завет

Нов Завет

Еремија 13:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ ми зборува вака: „Оди и купи си ленен појас и опаши го околу крстот. Ама не го наквасувај во вода.”

2. И купив појас според Господовото слово и ја опашав половината.

3. И по вторпат ми дојде Господовото слово:

4. „Земи го појасот што го купи и со кого се опаша, крени се, оди до реката Еуфрат и скриј го таму во пукнатината на пештерата.”

5. И отидов и го скрив покрај Еуфрат, како што ми заповеда Господ. По многу дни Господ ми рече:

6. „Стани, оди при Еуфрат па извлечи го оттаму појасот за кој ти заповедав да го скриеш таму.”

7. Отидов при Еуфрат, го извлеков и го зедов појасот од местото каде што го скрив, и ете: појасот гнил, не беше веќе за ништо.

Прочитајте целосна глава Еремија 13