Стар Завет

Нов Завет

Даниел 8:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тој тргна онаму каде што стоев, и кога ми се приближи, ме опфати страв, и паднав на лице. Тој ми рече: „Човечки сине, разбери: зашто ова видение е за последното време.”

18. Тој зборуваше уште, а јас се обесвестив, паднав на земјата. Тој ме допре и ме исправи на моето место.

19. И рече: „Еве, ќе ти кажам што ќе дојде на крајот на гневот, најавениот свршеток.

20. Овенот што го виде - неговите два рога - тоа се царевите на Мидија и Персија.

21. Влакневиот јарец е царот на Грција; големиот рог меѓу неговите очи е првиот цар;

22. скршениот рог и четирите рога што излегоа на неговото место, тоа се четири царства што ќе излезат од неговиот народ, но не ќе ја имаат неговата сила.

23. И кон крајот на нивното царување кога беззакониците ќе ја исполнат мерата, ќе стане цар, дрзок и лукав.

24. Неговата сила ќе порасте, ама не со своја снага; ќе запустува чудесно, ќе успева во сите свои потфати, ќе ги сотрува јунаците и народот на Светите.

25. Заради неговата лукавост измамата ќе успева во неговата рака. Тој ќе се вознесе во своето срце, ќе упропасти мнозина во мирно време. Ќе Му се противи на Кнезот над кнезовите, ама - не со рака - ќе биде скршен.

Прочитајте целосна глава Даниел 8