Стар Завет

Нов Завет

Даниел 8:13-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Тогаш чув како еден Светец зборува, а втор Светец го праша оној што зборуваше: „До кога ќе трае овој привид за секогашната жртва и за престапот што ги запустува и гази Светилиштето и Војската?”

14. Одговори: „Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.”

15. Кога јас, Даниел, гледајќи го овој привид, барав да го разберам, ете, пред мене застана како некој човек.

16. Чув човечки глас како вика од сред Улај: „Гаврило, објасни му го тоа привидение!”

17. Тој тргна онаму каде што стоев, и кога ми се приближи, ме опфати страв, и паднав на лице. Тој ми рече: „Човечки сине, разбери: зашто ова видение е за последното време.”

18. Тој зборуваше уште, а јас се обесвестив, паднав на земјата. Тој ме допре и ме исправи на моето место.

19. И рече: „Еве, ќе ти кажам што ќе дојде на крајот на гневот, најавениот свршеток.

20. Овенот што го виде - неговите два рога - тоа се царевите на Мидија и Персија.

21. Влакневиот јарец е царот на Грција; големиот рог меѓу неговите очи е првиот цар;

22. скршениот рог и четирите рога што излегоа на неговото место, тоа се четири царства што ќе излезат од неговиот народ, но не ќе ја имаат неговата сила.

23. И кон крајот на нивното царување кога беззакониците ќе ја исполнат мерата, ќе стане цар, дрзок и лукав.

24. Неговата сила ќе порасте, ама не со своја снага; ќе запустува чудесно, ќе успева во сите свои потфати, ќе ги сотрува јунаците и народот на Светите.

25. Заради неговата лукавост измамата ќе успева во неговата рака. Тој ќе се вознесе во своето срце, ќе упропасти мнозина во мирно време. Ќе Му се противи на Кнезот над кнезовите, ама - не со рака - ќе биде скршен.

26. Привидот за вечерите и за утрата за кои што беше збор, вистинит е; но ти запечати го, зашто е за далечни денови.”

27. Тогаш јас, Даниел, примрев и бев болен повеќе денови. Потоа станав за да ги вршам царските работи. Бев смутен заради привидот, но никој не го узна тоа.

Прочитајте целосна глава Даниел 8