Стар Завет

Нов Завет

Даниел 4:27-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Затоа, цару, мојот совет нека ти биде мил: искупи ги своите гревови со правда и своите беззаконија со милосрдие спрема бедните, за да ти продолжи мирот.”

28. Сè тоа му се случи на царот Навуходоносор.

29. Дванаесет месеци подоцна, шетајќи по вавилонскиот царски дворец,

30. царот велеше: „Не е ли тоа големиот Вавилон што јас го изградив за да ми биде царска престолнина - со силата на својата моќ, за слава на моето величество?”

31. Уште тие зборови беа во неговата уста кога дојде глас од небото: „Тебе ти се објавува, цару Навуходоносору: царството ти е одземено;

32. ќе бидеш протеран од друштвото на луѓето ќе престојуваш со полските животни; ќе се храниш со трева како говедата, и седум времиња ќе поминат над тебе додека не сознаеш дека Сèвишниот има власт над човечкото царство и дека Тој го дава кому што сака.”

33. И веднаш словото се изврши над Навуходоносора: беше протеран од човечкото друштво, јадеше трева како говедата го переше небесната роса; влакната му пораснаа како во лав, а неговите нокти како птичји кан?и.

34. Откако се исполнија одредените денови, јас, Навуходоносор, ги подигнав очите кон небото, разумот ми се врати, тогаш Го благословив Сèвишниот, фалејќи Го и возвишувајќи Го Оној Кој живее довека: Неговото Царство е - Вечно Царство, Неговата власт е за сите поколенија.

35. Жителите на земјата - се како ништо; Тој постапува според Својата волја со небесната војска и со земните жители. Никој не може да ја запре Неговата рака или да Му рече: „Што правиш?”

36. Во истиот час ми се врати разумот, и за слава на мојата царска чест ми се вратија величеството и сјајот; моите советници и големци ме побараа, бев воспоставен во царска чест, и моето величество уште порасте.

37. Сега јас, Навуходоносор, Го фалам, Го возвишувам, и Го славам Небесниот Цар, чии сите дела се вистина, сите патиша правда, и Кој може да ги понижи оние кои одат во гордост.

Прочитајте целосна глава Даниел 4