Стар Завет

Нов Завет

Даниел 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Навуходоносор, цар на сите племиња, народи и јазици по сета земја: „Да изобилувате со мир!

2. Ми се допадна да ви ги откријам знаците и чудесата што Сèвишниот Бог ги направи врз мене.

3. Колку се големи Неговите знакови! Колку се силни Неговите чудеса! Неговото Царство - е вечно Царство! Неговата власт е за сите поколенија!

4. Јас, Навуходоносор, живеев мирно во својата куќа и среќно во својот дворец,

5. кога видов сон што ме исплаши. Привидите и виденијата што се мотаа во мојата глава, на моето легло ме возбудија.

Прочитајте целосна глава Даниел 4