Стар Завет

Нов Завет

Даниел 10:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И ми рече: „Не бој се Даниеле, зашто од првиот ден кога одлучи да се понизиш пред Својот Бог за да разбереш, твоите зборови се послушани, и јас дојдов заради твоите зборови.

13. Кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден, но Михаел, еден од првите кнезови, ми дојде на помош. Го оставив спроти персиските цареви,

14. а јас дојдов за да ти кажам што ќе му се случи на твојот народ до крајот на деновите. Зашто ќе биде уште еден привид за оние денови.”

15. Откако ми го рече тоа, јас го оборив погледот кон земјата, без зборови.

16. И ете: оној, сличниот на човечките синови, се допре до моите усни. Ја отворив устата за да зборувам та му реков на оној кој стоеше пред мене: „Господару мој, заради овој привид ме опфатија тешкотии, и останав без сила.

17. И како слугата на својот Господар ќе зборува со Господарот, кога сосем се обессилив и ме остави здивот?”

18. Тогаш пак ме допре оној што беше како човек и ме поткрепи.

19. Тој рече: „Не бој се љубимецу! Мир ти тебе! Биди јак! Охрабри се! И додека ми го зборуваше тоа, јас се охрабрив па реков: „Зборувај Господару, зашто ме охрабри!”

20. Тогаш тој рече: „Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? Сега ќе се вратам за да се борам против кнезот на Персија; а штом свршам, ќе дојде кнезот на Грција.

21. Ама пред тоа ќе ти откријам што е запишано во Книгата на Вистината. Нема никој кој би се борел со мене против нив, освен Михаел, вашиот кнез,

Прочитајте целосна глава Даниел 10