Стар Завет

Нов Завет

Даниел 1:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тој се согласи и ги остави на испитување десет дни.

15. А по десет дена тие беа поубави и позгоени отколку момчињата кои јадеа од царските јадења.

16. Оттогаш чуварот ги прекрати нивните јадења и дажбата вино што требаа да го пијат, та им даваше зеленчук.

17. На овие четири момчиња Бог им даде знаење и разбирање на сите книги и мудрости. Даниел ги разбираше виденијата и соништата.

18. Откако се исполни времето одредено од царот за да му ги доведат, старешината на придворниците ги воведе пред Навуходоносора.

Прочитајте целосна глава Даниел 1