Стар Завет

Нов Завет

Даниел 1:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во третата година на царувањето на Јоаким, царот на Јудеја, дојде Навуходоносор, царот на Вавилон, против Ерусалим та го опсади.

2. Господ му ги даде во рацете Јоакима, јудејскиот цар, и дел од садовите во Божјиот дом; тој ги однесе во земјата Сенар и ги сложи садовите во ризницата на својот бог.

3. Царот му нареди на Асфеназа, старешината на своите придворници да доведе од синовите Израелеви неколку момчиња од царски или од благороднички род:

4. нека бидат без недостатоци, убави, вешти во секоја мудрост, добро поучени и бистри, достојни да стојат во царски дворец; Асфеназ нека ги научи на писмото и јазикот на Халдејците.

5. Царот им одреди дневно следување од царските јадења и од виното од својот стол. Нека ги воспитуваат три години, а потоа ќе стојат пред царот.

6. Меѓу нив беа Јудејците: Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.

7. Старешината на придворниците им даде имиња: Даниел ќе се вика Валтазар, Ананиј Седрах, Мисаил Мисах, Азариј Авденаго.

8. Даниел одлучи во срцето дека нема да се оскверни со царските јадења и со виното од неговиот стол, па го замоли дворскиот старешина да го поштеди та да не се оскверни.

9. Господ му даде на Даниела та најде благонаклоност и милост кај старешината на придворниците.

Прочитајте целосна глава Даниел 1