Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 9:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. По Господова заповед Израелците тргнуваа на пат, и по Господова заповед застануваа во логор. За сето време додека облакот стоеше над Шаторот тие остануваа во логорот.

19. Ако облакот стоеше долго над Шаторот, Израелците го слушаа Господовиот налог и не тргнуваа на пат.

20. Но ако се случеше облакот да остане над Шаторот малку време, тие по Господова повелба остануваа во логорот и по Господова повелба тргнуваа пак на пат.

21. Ако облакот се дигнеше, откако се задржал од вечерта до утрото, тие тогаш тргнуваа наутро на пат. Дење или ноќе, кога облакот ќе се дигнеше, тие тргнуваа на пат.

22. Два дена или месец или година - додека облакот остануваше над Шаторот - Израелевите синови остануваа во логорот, не тргнувајќи на пат, а штом ќе се дигнеше, тие тргнуваа.

23. По Господова повелба стоеја во логорот и по Господова повелба тргнуваа на пат. Го пазеа Господовиот налог, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 9