Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 8:14-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. „Одвои ги така левитите од среде Израелевите синови за да бидат Мои.

15. Потоа, откако си ги очистил и откако си ги посветил, левитите нека влезат во служба на Шаторот на средбата.

16. Зашто тие ми се подарени целосно од среде Израелевите синови; нив ги зедов за Себе место сите првенци; место сите израелски првороденци.

17. Имено, Мои се сите првенци на Израелевите синови, од луѓето и од животните; ги посветив Себеси во денот кога ги погубив сите првородени во Египетската Земја.

18. Така ги зедов левитите место сите израелски првороденци.

19. И им ги предадов левитите, од среде Израелците, како дар на Арона и на неговите синови, за да исполнуваат место Израелевите синови служба во Шаторот на средбата; за да ги очистуваат, па да не ги најде некаков помор Израелевите синови, кога ќе му се приближат на Светилиштето.”

20. Мојсеј, Арон и сета израелска заедница направија така со левитите; како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите; така Израелевите синови и им сторија.

21. Левитите се очистија и ја испраа својата облека; и Арон ги посвети пред Господа. Арон направи покривање на гревот за да бидат чисти.

22. Потоа левитите стапија во служба во Шаторот на средбата, во присуство на Арона и на неговите синови. Како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите, така и направија со нив.

23. Господ му рече на Мојсеја:

24. „И ова се однесува за левитите: левитите, од дваесет и пет години нагоре, нека преземаат по ред служба во Шаторот на средбата.

25. А на педесет години нека истапат од службата и веќе нека не служат.

26. Но можат да им помагаат на своите браќа во исполнување на нивните должности во Шаторот на средбата, но самите не треба да ја исполнуваат службата.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 8