Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 8:11-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Потоа Арон нека ги посвети левитите, како принос пред Господа, во име на Израелевите синови. Така нивната работа ќе биде да Му служат на Господа.

12. А левитите нека ги стават своите раце на главите на јунците; и принеси го едниот како жртва за грев, а другиот како паленица на Господа, за покривање на гревот на левитите.

13. Откако ќе ги поставиш левитите пред Арона и пред неговите синови, изврши над нив нивно посветување на Господа.”

14. „Одвои ги така левитите од среде Израелевите синови за да бидат Мои.

15. Потоа, откако си ги очистил и откако си ги посветил, левитите нека влезат во служба на Шаторот на средбата.

16. Зашто тие ми се подарени целосно од среде Израелевите синови; нив ги зедов за Себе место сите првенци; место сите израелски првороденци.

17. Имено, Мои се сите првенци на Израелевите синови, од луѓето и од животните; ги посветив Себеси во денот кога ги погубив сите првородени во Египетската Земја.

18. Така ги зедов левитите место сите израелски првороденци.

19. И им ги предадов левитите, од среде Израелците, како дар на Арона и на неговите синови, за да исполнуваат место Израелевите синови служба во Шаторот на средбата; за да ги очистуваат, па да не ги најде некаков помор Израелевите синови, кога ќе му се приближат на Светилиштето.”

20. Мојсеј, Арон и сета израелска заедница направија така со левитите; како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите; така Израелевите синови и им сторија.

21. Левитите се очистија и ја испраа својата облека; и Арон ги посвети пред Господа. Арон направи покривање на гревот за да бидат чисти.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 8