Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 8:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Зборувај му на Арона и речи му: ‘Кога ќе ги палиш светилките, седум светилки нека светат на предната страна на светилникот.’”

3. Арон така и направи: ги намести светилките на предната страна на светилникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

4. Светилникот беше искован од злато; искован од своето подножје до својата чашка. Светилникот беше направен според образецот што Господ му го покажа на Мојсеја.

5. Господ му рече на Мојсеја:

6. „Земи ги левитите од меѓу Израелевите синови и очисти ги!

7. Постапи вака со нив за да ги очистиш: попрскај ги со водата за очистување, а тие нека се избричат по сето свое тело и нека ја исперат својата облека, и ќе бидат чисти.

8. Потоа нека земат еден јунец и лебен принос од пченично чисто брашно, измешано со масло. А ти земи друг јунец за жртва за грев.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 8