Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 7:54-67 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

54. Во осмиот ден својот принос го донесе началникот на Манасиевите синови, Гамалаил, синот Фадасуров.

55. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

56. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

57. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

58. еден јарец за жртва за грев,

59. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Гамалаила, Фадасуровиот син.

60. Во деветтиот ден својот принос го донесе началникот на Венијаминовите синови, Авидан, синот Гедеониев.

61. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

62. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан,

63. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

64. еден јарец за жртва за грев,

65. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Авидана, Гедеониевиот син.

66. Во десеттиот ден својот принос го донесе началникот на Дановите синови, Ахиезер, синот Амисадаев.

67. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, како лебен принос;

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 7