Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 7:35-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисура, Седиуровиот син.

36. Во петтиот ден својот принос го донесе началникот на Симеоновите синови, Саламил, синот Сурисадаев.

37. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

38. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

39. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

40. еден јарец за жртва за грев,

41. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Саламила, Сурисадаевиот син.

42. Во шестиот ден својот принос го донесе началникот на Гадовите синови, Елисаф, синот Рагуилов.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 7