Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 7:31-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

32. тогаш, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

33. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

34. еден јарец за жртва за грев,

35. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисура, Седиуровиот син.

36. Во петтиот ден својот принос го донесе началникот на Симеоновите синови, Саламил, синот Сурисадаев.

37. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

38. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

39. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

40. еден јарец за жртва за грев,

41. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Саламила, Сурисадаевиот син.

42. Во шестиот ден својот принос го донесе началникот на Гадовите синови, Елисаф, синот Рагуилов.

43. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

44. една златна кадилница од десет шекели полна со темјан;

45. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

46. еден јарец за жртва за грев,

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 7