Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 7:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден кога Мојсеј го сврши поставувањето на Шаторот и кога го помаза и го посвети со сите негови садови, а исто и жртвеникот со сите негови прибори,

2. тогаш пристапија Израелевите главатари, старешините на нивните прадедовски домови, односно племенските водачи, кои го спроведуваа пописот,

3. и ги доведоа пред Господа своите приноси: шест покриени коли и дванаесет волови - по една кола за двајца главатари и по еден вол за секој поединец. Ги доведоа пред Шаторот.

4. Тогаш Господ му проговори на Мојсеја:

5. „Прими го тоа од нив за употреба при службата во Шаторот на средбата; потоа подај му го тоа на секој левит според неговата служба.”

6. Мојсеј ги зеде колите и воловите па им ги даде на левитите.

7. Две коли и четири вола им даде на Гирсоновците според нивната служба,

8. а четири коли и осум вола им даде на Мерариевците, според нивната служба под водство на Итамар, син на свештеникот Арон.

9. На Каатовците не им даде ништо, зашто нивната задача беше да ги носат посветените нешта на раменици.

10. Тогаш началниците принесоа принос за осветување на жртвеникот во денот на неговото помазание. Додека началниците ги принесуваа своите приноси пред жртвеникот,

11. Господ му рече на Мојсеја: „Секој ден по еден началник нека го донесе својот принос за осветување на жртвеникот!”

12. Во првиот ден својот принос го донесе Насон, синот Аминадавов, од Јудиното племе.

13. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел: и едното и другото беа наполнети со чисто брашно замешано со масло, за лебен принос.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 7