Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 5:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И секој принос од сите свети нешта, што Израелците му ги донесуваат на свештеникот, му припаѓаат нему.

10. Од секој човек посветените работи да бидат негови; и нека на свештеникот му припаѓа она што некој му го дава нему.’”

11. Господ му рече на Мојсеја:

12. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Ако некоја жена тргне по грешен пат и ако го изневери мажот си;

13. и ако некој легне со неа, а тоа остане скриено за очите на мажот и; а жената остане неоткриена иако се онечистила, па нема сведок против неа, зашто не била фатена во делото -

14. и ако сега духот на љубомората го опфати мажот и тој стане љубоморен на својата жена која се онечистила; или ако му дојде духот на љубомората и стане љубоморен на својата жена, а таа не се онечистила -

15. мажот нека ја доведе својата жена при свештеникот. Нека донесе принос за неа: една десетина ефа јачменово брашно. Нека не полива врз него масло ниту да става темјан врз него, зашто тоа е приносница за љубомора, спомен-принос, за да потсетува на беззаконието.’

16. ‘Свештеникот нека ја поведе таа жена и нека ја постави пред Господа.

17. Сега свештеникот нека земе света вода во глинен сад и - откако ќе земе прав што е на подот на Шаторот, свештеникот нека го фрли во водата.

18. Откако свештеникот ќе ја постави жената пред Господа, нека и ја открие главата, а во нејзините раце нека го стави спомен-приносот, односно, приносот за љубомора, а свештеникот нека ја држи во раката горчливата вода, што носи проклетство.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 5