Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 5:11-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Господ му рече на Мојсеја:

12. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Ако некоја жена тргне по грешен пат и ако го изневери мажот си;

13. и ако некој легне со неа, а тоа остане скриено за очите на мажот и; а жената остане неоткриена иако се онечистила, па нема сведок против неа, зашто не била фатена во делото -

14. и ако сега духот на љубомората го опфати мажот и тој стане љубоморен на својата жена која се онечистила; или ако му дојде духот на љубомората и стане љубоморен на својата жена, а таа не се онечистила -

15. мажот нека ја доведе својата жена при свештеникот. Нека донесе принос за неа: една десетина ефа јачменово брашно. Нека не полива врз него масло ниту да става темјан врз него, зашто тоа е приносница за љубомора, спомен-принос, за да потсетува на беззаконието.’

16. ‘Свештеникот нека ја поведе таа жена и нека ја постави пред Господа.

17. Сега свештеникот нека земе света вода во глинен сад и - откако ќе земе прав што е на подот на Шаторот, свештеникот нека го фрли во водата.

18. Откако свештеникот ќе ја постави жената пред Господа, нека и ја открие главата, а во нејзините раце нека го стави спомен-приносот, односно, приносот за љубомора, а свештеникот нека ја држи во раката горчливата вода, што носи проклетство.

19. Потоа свештеникот нека ја заколне жената. Нека и рече: „Ако никогаш маж не лежал со тебе и ако не си одела по страничен пат и не си се онечистила додека си била под власта на мажа си, биди поштедена од оваа горчлива вода што носи проклетство!

20. Но ако си му изневерила на мажа си и ако некој маж, освен твојот сопруг, легнал со тебе. . .”

21. Тогаш свештеникот нека ја заколне жената, нека и рече: „Господ да те постави за проклетство и за клетва среде твојот народ; да ти стори да ти овене родницата и да ти се подуе утробата!

22. Оваа вода на проклетството нека навлезе во твојата утроба! Да ти се подуе утробата од неа, а родницата да ти овене!” А жената нека рече: „Амин! Амин!”

23. ‘Потоа свештеникот нека ги напише тие проклетства на книжен свиток па нека ги измие во горчлива вода.

24. Тогаш нека ја напие онаа жена со горчливата вода што носи проклетство, за да се разлее низ неа горчливата вода и за да ја наполни со горчливост.

25. Тогаш свештеникот нека го земе од женината рака лебниот принос за љубомора, нека го принесе пред Господа како подвижна жртва и нека ја донесе на жртвеникот.

26. Откако ќе заграби полн грст од лебниот принос за спомен, нека го изгори тоа во жртвеникот. Најпосле, нека ја напие жената со водата.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 5