Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 4:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ им рече на Мојсеја и на Арона:

2. „Одвоете ги од среде Левиевите синови главатарите на Каатовите синови по нивните родови и семејства:

3. од триесет години нагоре, сè до педесет години - сите кои можат да влезат во чета за вршење служба во Шаторот на средбата.

4. А службата на Каатовите синови во Шаторот на средбата е: грижа за Светината над светините.

5. Кога логорот тргнува на пат, Арон и неговите синови нека влезат и нека ја извадат заштитната завеса и нека го покријат Ковчегот на сведоштвото со неа.

6. Тогаш нека стават на него покривало од јазовечка кожа, а преку него нека распрострат сосем сино платно. Потоа нека ги наместат носилата на Ковчегот.

7. Преку масата за лебните приноси нека распрострат сино платно. Тогаш нека положат врз него чинии, лажици, чаши и врчви за налевници. Лебот на постојаниот принос нека биде исто на него.

8. Тоа нека го покријат со темноцрвено платно, а преку него нека префрлат покривало од јазовечка кожа. Потоа нека и ги наместат носилата на масата.

9. Потоа нека земат сино платно и нека го покријат светилникот за осветление и неговите светилки, неговите штипки, неговите пепелници и сите садови за масло, со кои се служат околу него.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 4