Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 35:5-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Измерете од градот надвор две илјади лакти на источната страна, две илјади лакти на јужната страна, две илјади лакти на западната страна и две илјади лакти на северната страна, така што градот да биде во средина. Тоа нека им бидат градски пасишта.

6. Од градовите што ќе им ги дадете на левитите, шест ќе бидат градови-засолништа, што ќе ги отстапите за да може убиец да избега таму. Кон овие придајте уште четириесет и два града.

7. Така, сите градови, што ќе им ги отстапите на левитите, ќе бидат четириесет и осум со нивните пасишта.

8. А од градовите што ќе ги одвојувате од сопственоста на Израелевите синови, земете повеќе од оние, кои имаат многу, а помалку од оние, кои имаат малку.”

9. Натаму Господ му рече на Мојсеја:

10. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе преминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

11. определете си градови што ќе ви служат како градови-засолништа, каде може да избега убиец, кој убил некого од несакање.

12. Тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот, така што убиецот не треба да загине додека не застане на суд пред заедницата.

13. Од градовите што ќе ги отстапите шест ќе ви бидат за засолниште.

14. Доделете три града отаде Јордан, а три града во Ханаанската Земја. Тие нека бидат градови-засолништа.

15. Тие шест града нека бидат за засолниште како за Израелевите синови така и за странецот и придојденикот, кои престојуваат меѓу нив, каде може да избега секој што убил некого на несакање.’

16. ‘Но ако некој удри некого со железен предмет па го усмрти, тогаш тоа е убиец, убиецот треба да плати со главата.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 35