Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 35:20-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Натаму, ако некој го турне некого од омраза или намерно фрли нешто врз него па го убие,

21. или ако го удри со раката од злоба па удрениот умре, напаѓачот треба да загине - тој е убиец. Крвниот одмаздник нека го погуби убиецот штом ќе го сретне.’

22. ‘Но, ако го турне случајно, не од непријателство, или ако фрли нешто на него, ама не од заседа,

23. или од невнимание ако собори врз него камен од кого може да загине човек, па го убие, а не му бил непријател ниту му сакал зло -

24. тогаш општеството нека пресуди меѓу убиецот и крвниот одмаздник според овие правила:

25. заедницата е должна да го избави убиецот од рацете на одмаздникот за крв; тогаш општеството нека го врати во градот-засолниште каде што избегал; тој нека остане таму до смртта на велесвештеникот, кој беше помазан со свето масло.

26. Но ако убиецот излезе кога и да е надвор од границите на неговиот град-засолниште,

27. и крвниот одмаздник го најде надвор од границите на неговиот град-засолниште; па крвниот одмаздник го убие убиецот, тоа не му се смета за крвопролевање,

28. зашто убиецот треба да остане во градот-засолниште до смртта на велесвештеникот. А по смртта на велесвештеникот може да се врати на својот имот.’

29. ‘Такви нека ви бидат судските постапки од поколение до поколение, секаде каде што ќе престојувате.

30. За секое убиство на човек казната на смрт над убиецот може да биде извршена по доказ на сведоците. Никој не може да биде казнет со смрт по доказ само на еден сведок.

31. Не смеете да примате откупнина за животот на убиецот, кој заслужил смрт: тој треба да умре.

32. Ниту смеете да примате откупнина од кого и да е, кој - откако избега во својот град-засолниште - сака да се врати и да живее на своја земја пред смртта на велесвештеникот.

33. Не запустувајте ја земјата во која што живеете, зашто земјата се онечистува со крвопролевање. И земјата не може да се очисти од крвта, што е пролеана на неа, освен со крвта на оној, кој ја пролеал.

34. Не смеете да ја онечистувате земјата во која што живеете и среде која престојувам Јас; зашто Јас Господ живеам среде Израелевите синови.’”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 35