Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 33:46-54 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. Отпатуваа од Девон Гад и се настанија во Алмон-Дивлатаим.

47. Од Алмон - Дивлатаим отидоа и поставија шатори на Аваримските Гори, пред Нево.

48. А од Аваримските Гори заминаа и расположија шатори во Моавските Полиња, покрај Јордан, спроти Ерихон;

49. се настанија покрај Јордан од Вет-Јесимот сè до Авел-Ситим во Моавските Полиња.

50. Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:

51. „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

52. изгонете ги пред себе сите жители на земјата, уништете ги сите нивни слики; уништете ги сите нивни одлеани идоли и разурнете ги сите нивни високи места.

53. Тогаш завладејте ја земјата и населете се во неа, зашто ви ја предавам да стане ваша.

54. Разделете ја земјата со жрепка меѓу сите ваши родови. Зголемете им го делот на побројните, а намалете им го на помалубројните. Каде и да падне жрепката, за кого и да е, тоа нека биде негово, а делете им го наследството според татковските племиња.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 33