Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 33:41-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Отидоа од гората Ор и расположија логор во Салмон.

42. Заминаа од Салмон и се настанија во Финон.

43. Отпатуваа од Финон и застанаа во Овот.

44. Отидоа од Овот и оптегнаа шатори во моавското подрачје, во Ије-Ха- Аварим.

45. Заминаа од Ије-Ха-Аварим и расположија шатори во Девон Гад.

46. Отпатуваа од Девон Гад и се настанија во Алмон-Дивлатаим.

47. Од Алмон - Дивлатаим отидоа и поставија шатори на Аваримските Гори, пред Нево.

48. А од Аваримските Гори заминаа и расположија шатори во Моавските Полиња, покрај Јордан, спроти Ерихон;

49. се настанија покрај Јордан од Вет-Јесимот сè до Авел-Ситим во Моавските Полиња.

50. Господ му рече на Мојсеја, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон:

51. „Речи им вака на Израелевите синови: ‘Кога ќе поминете преку Јордан во Ханаанската Земја,

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 33