Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 33:39-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Арон беше на сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор.

40. Арадскиот цар, Хананеец, кој живееше во ханаанскиот крај Негев, чу за доаѓањето на Израелците.

41. Отидоа од гората Ор и расположија логор во Салмон.

42. Заминаа од Салмон и се настанија во Финон.

43. Отпатуваа од Финон и застанаа во Овот.

44. Отидоа од Овот и оптегнаа шатори во моавското подрачје, во Ије-Ха- Аварим.

45. Заминаа од Ије-Ха-Аварим и расположија шатори во Девон Гад.

46. Отпатуваа од Девон Гад и се настанија во Алмон-Дивлатаим.

47. Од Алмон - Дивлатаим отидоа и поставија шатори на Аваримските Гори, пред Нево.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 33