13. Откако отидоа од Дофка расположија шатори во Елус.
14. Тргнаа од Елус и се настанија во Рафидин. Таму народот немаше вода да пие.
15. Заминаа од Рафидин и се настанија во Синајската Пустина.
16. Тргнаа од Синајската Пустина па се настанија во Киврот Атави.
17. Отпатуваа од Киврот Атави и оптегнаа шатори во Асирот.
18. Тогаш отидоа од Асирот и расположија шатори во Ритма.
19. Тргнаа од Ритма и се настанија во Римнон Фарес.
20. Отидоа од Римнон Фарес и расположија шатори во Ливна.
21. Отидоа од Ливна и оптегнаа шатори во Риса.
22. Заминаа од Риса и се настанија во Келат.
23. Тргнаа од Келат и се настанија во гората Сафер.
24. Отпатуваа од гората Сафер и се настанија во Харад.
25. Откако се дигнаа од Харад се настанија во Макилот.
26. Тргнаа од Макилот и расположија шатори во Тахат.
27. Отпатуваа од Тахат и застанаа во Тара.
28. Заминаа од Тара и се настанија во Митка.