Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 32:8-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Така постапија и вашите татковци кога ги испратив во Кадис-Варни за да ја извидат земјата.

9. Тие се искачија до долината Есхол, ја видоа земјата и ги обесхрабрија срцата на Израелевите синови, за да не влезат во земјата, која Господ им ја даде.

10. Во тој ден Господ пламна со гнев. Се заколна и рече:

11. ‘Луѓето кои излегоа од Египет, од дваесет години или нагоре, зашто не Ме следеа верно, никогаш нема да ја видат земјата што им ја ветив под заклетва на Авраама, Исака и Јакова!’

12. Господа единствено Го следеа верно: Кенезецот Халев, синот Ефониев и Навиновиот син Исус.

13. Господ пламна со гнев на Израелевите синови па ги водеше низ пустината четириесет години, сè додека не изумре сето поколение што постапи зло во очите на Господа.

14. А сега вие - грешно поколение - станувате место вашите татковци, за да го зголемите уште повеќе јаросниот гнев на Господа против Израел.

15. Ако се одвратите од Него, Тој ќе го продолжи вашиот престој во пустината и вие ќе го погубите сиот овој народ.”

16. Тогаш тие се доближија кон него и рекоа: „Ние ќе подигнеме тука огради за нашиот добиток и градови за нашите деца,

17. а самите ќе го грабнеме оружјето и ќе тргнеме на чело на Израелевите синови додека не ги доведеме до нивното место, а нашите деца нека останат во утврдените градови, заради жителите на земјава.

18. Ние нема да се вратиме во нашите домови сè додека секој Израелец не го заземе своето наследство.

19. Нема да земаме дел од недвижните имоти од онаа страна на Јордан ниту подалеку, зашто нашето наследство ни припадна од оваа страна, на исток од Јордан.”

20. Мојсеј им рече: „Ако направите така, ако тргнете во бој пред Господа;

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 32